Воени и полициски специјалци го обезбедуваат празниот аеродром во Тирана

Од:

Воената полиција и силите за брза интервенција се вклучија во обезбедување на аеродромот во Тирана, кој е празен откако сите летови беа откажани поради штрајк.

Распроредувањето на специјалците доаѓа по штрајкот што денеска го започнаа контролорите на АлбКонтрол, обвинувањата на министерката за инфраструктура Белинда Балуку, која овој чин го нарече државен удар. Според премиерот Еди Рама, штрајкот го поттикнале претседателот Илир Мета и Сали Бериша.

Министерот за одбрана Нико Пелеши изјави дека аеродромот е од стратешко значење и затоа мора да се обезбедува.

Контролорите на летање „АлбКонтрол“ престанаа да работат, поради што откажан се сите летови. Тие меѓу другото бараат да им се врати износот на месечна плата од 4.400 долари, колку што земале до крајот на 2019 наместо актуелната 2.490 долари, која е намалена поради намалениот обем на работа.

Според министерката Балуку сообраќајот е намален за 57 отсто, а контролорите се платени со 43 отсто, врз основа на обемот на работа.

Додава дека покрај високите плати, контролорите имаат и други привилегии, како што е фактот дека работат само 17 дена месечно, или 205 дена во годината.

-Со блокирањето на воздушниот сообраќај се доведува во прашање и здравјето на нашите граѓани бидејќи денеска е спречено приситигнувањето на најавените пратки со вакцини против Ковид-19, рече Балуку.

Контолорте уште бараат да бидат вратени на работа сите нивни колеги кои се отпуштени, укинување на одлуките на Управниот одбор, враќање на целосната плата според колективниот договор, целосна финансиска транспарентност за 2020 година и претставник на нивниот синдикат да биде член на Управен одбор.

Би можело да ве интересира

Вработените во Фондот за здравство најавија генерален штрајк ако не добијат по 2392 денари усогласување на плата

Орце Костов

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Продолжува штрајкот на специјализантите: „Нема желба од Владата да се решат нашите проблеми“

Орце Костов

(ВИДЕО) „Срамота е, на онкологија нема доктори, а овие млади чекаат работа“: Поддршка од граѓани за специјализантите

Орце Костов

(ВИДЕО) Немаме партиски, имаме крводарителски книшки: Специјализантите штрајкуваат и чекаат одлука на Влада

Орце Костов

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов