Српски владика по вакцинацијата: Кој не верува во корона, нека појде до болница

Од:

Епископот на пакрачко-славонската епархија на СПЦ, Јован Ќулибрк, остро ги критикуваше свештениците кои на луѓето им говорат да не се вакцинираат против коронавирусот, велејќи дека вакцинацијата е единствениот начин да се запре пандемијата.

„Постои само она што се нарекува здрав човечки разум. Имено, да го немаше вакцинирањето, ние денеска би имале туберкулоза, би имале големи и мали сипаници, би имале цела низа болести од кои се умирало полошо отколку што денеска се умира од рак. Да потсетам дека туберкулозата беше едно од најголемите зла во светот. И денес ако погледнеме, што се опуштиме, штом слабее вакцината, штом ние физички ослабнеме, туберкулозата се враќа, значи сите тие болести се присутни,“ рече владиката при гостувањето на утринската програма на телевизијата „Прва“.

Ќулибрк, кој покрај теолошкото, има и образование од литературата, а во 80-те бил истакнат музички критичар, вели дека треба да бидеме благодарни за тоа што сите овие болести токму вакцината, она што го пронашла медицината, ги држи далеку од нас.

„Истото важи и за оваа болест која ни го однесе и патријархот и митрополитот Амфилохије и владиката Атанасие, владиката Милутин. Тоа е нова болест за која секако требаше брзо да се најде вакцина. Тие вакцини сигурно ќе имаат свои големи проблеми и недостатоци, по природата на нештата, затоа што се брзо завиени, но ние немаме избор,“ додаде Ќулибрк.

Владиката рече и дека и самиот тој се вакцинирал, а се осврна и на неодамна одржаниот протест на противниците на вакцинацијата во Србија, на кој учесниците изложуваа теории на заговор.

„Здраворазумни луѓе не можат да разберат ни да се зборува за тоа дека Земјата е рамна. Има во 15-от век Никон Ерусалимецот, српски монах кој дошол од Ерусалим, ѝ пишува на ќерката на царот Лазар. Вели „некои глупави луѓе тврдате дека Земјата е рамна како плоча, или што е уште поглупаво, дека стои на седум столбови, а уште старите Грци знаеја дека Земјата е тркалезна како јајце и дека виси во космосот“. Тоа било 160 години пред да го запалат Џордано Бруно поради тоа што тврдел дека Земјата е тркалезна,“ вели владиката Јован.

Тој ја коментираше и состојбата со епидемијата во Хрватска, каде се наоѓа неговата епархија.

„Во Хрватска ситуацијата е многу сложена, за тоа што земјата многу зависи од туризмот и таа сигурно прави се за да овозможи Хрватска да прифати барем дел од туристите. Тоа е првиот проблем и сега се најавува дека деновиве треба да стигнат голем број вакцини од Европската унија. Така што, тука нема избор. Видовте и самите дека одреден број луѓе дојдоа и во Белград за да се вакцинираат,“ вели тој.

Ќулибрк имаше и порака за луѓето кои не веруваат во болеста или во пандемијата, како и до оние кои пропагираат да се кршат заштитните мерки – да појдат до болница и самите да се уверат.

Би можело да ве интересира

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски