Франција: Семејство на човек што починал по примена вакцина на АстраЗенека ја тужи државата

Од:

Семејство на 63-годишен маж кој почина во март во централна Франција од тромбоза откако ја прими првата доза на антиковид вакцината на Астра Зенека, покрена тужба против непознато лице за убиство од небрежност.

Државниот обвинител Анција Вероник Денизо потврди дека тужбата е поднесена. Тоа не е прва тужба во Франција во врска со вакцината на британско-шведска компанија. Во Тулуз беше покрената тужба против неидентификувани лица по смртта на 38-годишна жена, а обвинителството во Нант отвори прелиминарна истрага по смртта на студент по медицина.

Париското обвинителство може да ги разгледа тие тужби како групен случај.

Регионалниот весник Дофин Либере најпрво пишуваше за тужбата за смртта на 63-годишникот. Во написот се наведува дека роднините на починатиот човек посочиле што се случило до Француската национална агенција за безбедност на лекови, која наредила дополнителни информации за да се утврдат причините за неговата смрт.

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт

После изборот на Трамп: Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро се надева на мир на Блискиот Исток