На социјалната мрежа ТикТок се појави видео на кое се гледа како неколкумина Албанци го палат српското знаме, според нивното тврдење некаде кај Прешево, а потоа го развиваат албанското знаме.
Новата снимка, која набргу беше избришана од ТикТок, предизвика бура од реакции на социјалните мрежи во Србија и отвори нова „војна“ со препукувања, навреди и закани од двете страни.
Според видеото, српското знаме е украдено од објект кој наликува на државна институција во Врање, по што тие го полиле со бензин на бензинска пумпа и го запалиле, го закачиле за автомобилот и го влечеле по патот.
На крајот се гледа дека знамето е целосно изгорено, а снимачите го развиле албанското знаме, закачено за багажникот, на задниот дел од автомобилот.
„Дали се горди како мене што сте Албанци?“, пишуваше во описот на видеото.