Дома „на црно“ си отворил обложувалница – кривична пријава за жител на гостиварско

Од:

33-годишен жител на гостиварското село Добри Дол водел илегална обложувалница од својата куќа, но бил откриен од полицијата, која му поднесе кривична пријава.

„ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против Е.Џ.(33) од с.Добридол, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „приредување игри на среќа без лиценца“. На 25.02.2021, при извршена контрола од страна на полициски службеници од Полициското одделение Галате и ОВР Гостивар во содејство со УЈП, било констаирано дека во склоп на куќа каде што живее, пријавениот организирал и приредувал игри на среќа без соодветна документација. При контролата биле одземени компјутери, телевизор, друга техничка опрема и уплатени тикети од термална хартија со сериски броеви,“ велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Се расправале за поправка на автомобил, механичарот пукал во муштеријата

Катерина Ѓуровски

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

Турчин пронајден мртов во хотел во Охрид

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он