ВМРО-ДПМНЕ нема да ги признае бројките од попишаното нерезидентно население, вели Мицкоски

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција рече дека ниту тој ниту ВМРО-ДПМНЕ нема да ги признаат бројките од попишаното нерезидентно население.

-Мојот став е дека дијаспората не може да биде дел од пописот, затоа што ако го прочитате Законот членот 8 став 2 и 3 јасно кажува кој дел од лицата кои во моментот на спроведување на операцијата попис не се наоѓаат во Македонија, туку се наоѓаат надвор од Македонија, односно со времен престој, а времен престој јасно значи дека тие не го откажале жиевалиштето. Сите лица кои имаат повеќе од 12 месеци одјавено живеалиште во Македонија не може заедно со мене да влезат во вкупната бројка на резидентно население, и јас и ВМРО-ДПМНЕ тие бројки нема да ги признаеме. И не постои сила која мене ќе ме натера да одам спротивно од стандардите на Евостат, рече Мицкоски.

Тој истакна дека сите оние кои се во моментот на попис надвор, а не го одјавиле живеалиштето во изминатите 12 месеци, можат да ја користат он лајн апликацијата, останатите не.

-И мене не ми е сеедно дали мојот бруто домашен производ кој заедно со вас ќе го поделам од 11 милијарди евра на резидентното население коешто ја остварува таа бројка или ќе го поделам со регистарот на државјани коишто создаваат бруто домашен производ во државите каде што живеат. Тоа нема да го прифатам. Тоа е лажирање. Тие луѓе кои го одјавиле местото на живеење во Македонија ќе бидат попишани во државата каде што се наоѓаат, а не тука. Не може тие луѓе двапати да бидат попишани. Колку и да сакаат да се трудат политичарите, малкумина, кои се дел од албанските партии да ги злоупотребат чувствата на Албанците, нема да успеат, оцени Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Немојте да заборавите од каде потекнуваме, од каде доаѓаме и каде ќе се вратиме по сето ова

Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека народот има очи да гледа и памет да размислува

(ВИДЕО) Мицкоски: Бугарија има можност да се докаже на 24 јуни, па како добри соседи да ги градиме односите

СДСМ: Мицкоски повторно промовираше наши проекти, овој пат обновата на патот Охрид-Свети Наум

Мицкоски нема да оди на Самитот на НАТО во Хаг, таму ќе замине Сиљановска Давкова

Мицкоски: Ќе се намали бројот на клубови кои приредуваат игри на среќа