Рикер: Да се искористи моментумот и да се дојде до решение за името

Од:

Македонија и Грција да го искористат моментумот и да најдат заедничко решение за спорот со името. За последниот предлог на посредникот во преговорите Метју Нимиц да се отвори поширока дебата и меѓу партиите и во јавноста.

Ова го порача заменик-помошникот на државниот секретар на САД Филип Рикер во изјавата за медиумите по средбата во Владата со премиерот Никола Груевски.

Според него, САД ги охрабрува и двете земји да го искористат моментумот и да продолжат со работа и се надева дека последниот предлог на Нимиц може да ги приближи двете страни.

– Задоволни сме што медијаторот Нимиц даде нов предлог и се надеваме дека ќе се искористи моментумот да се работи на него. Очигледно, процесот кој ние го поддржуваме, продолжува. Потребна е волја и желба за напредок и да се има дијалог, не само меѓу лидерите туку и во јавноста, рече Рикер.

Рикер денеска се сретна и со претседателот на држвата Ѓорге Иванов и со лидерот на опозициската СДСМ Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: ЕУ би можела да добие нова членка во 2027 година

ЕУ го усвои 20-тиот пакет санкции против Русија, насочени кон енергетиката, финансиите и трговијата

ЕУ одобри заем за Украина и нови санкции кон Русија, Унгарија го повлече ветото

Горан Наумовски

По Орбан остана Фицо: Словачка најави блокада на санкциите против Русија додека не се поправи Дружба

Христофору: НАТО се подготвува за конфликт со Русија и Кина

Предупредување од ЕУ: Можен е недостиг на гориво