За Бошкоски се бара казна, петмина ослободени од обвинението за „Ровер“

Од:

Обвиниетелката во процесот „Ровер“, Лидија Раичевиќ ги повлече обвиненијата против пет лица-Едвард Фишер, Бранислава Стојчевски, Милан Спасов, Горан Петрески, Благоја Димитриевски, сите од МВР.

Обинителката Раичевиќ во завршните зборови, за останатите меѓу кои и за екс министерот Љубе Бошкоски побара казна за убиството на Марјан Тушевски и Кире Јанев.

Раичевиќ за овие петмина кажа дека нема докази, а за другите побара да се сакционираат согласно законот. На прашањето каков доказ има за екс министерот Љубе Бошкоски таа рече дека е се доказ, макар и вербален.

Кога постои доказ, па макар и вербален, како јавен обвинител морате да реагирате и да го застапувате тоа преку обвинение. Јас верувам дека Бошкоски има свое делување во случајот, изјави Раичевиќ.

ljubeЗа Љубе Бошкоски кој е обвинет за помагање во убиството на Тушевски и Јанев, беше донесен и заштитен сведок чиј вербален доказ беше единствено тврдењето дека еднаш го возел Орце Коруновски на средба во куќата на Бошкоски, и слушнал додека се возеле како Коруновски му кажал дека Тушевски може да се ликвидира, за што зелено светло дал екс министерот.

Одбраната реагираше дека за ваквото тврдење нема никаков доказ, посебно што заштетениот сведок никогаш не го слушнал Бошкоски да го каже такво нешто. Заштитениот сведок прашан да објасни каде е куќата на Бошкоски, рече дека е во Црниче, иако екс министерот има куќа на Водно.

Останатите сведоци, меѓу кои и таткото на Марјан Тушевски посочи дека Бошкоски го убил неговиот син, а на прашањето од каде го знае тоа, тој рече дека слушнал на телевизија. И сите други сведоци се повикуваа на гласини, и на она што го слушнале во медиумите.

zoran_asmanovБизнисменот Зоран Азманов го демантираше исказот на Александар Василевски, викан Нинџа, кој тврдеше дека токму бизнисменот и Љубе Бошкоски во 2001 година го ангажирале Тушевски да ги запали магацините на Азманов, со цел потоа да добијат отштета и да ги поделат парите. Азаманов потврди дека магацинот навистина изгорел, но една година порано од датумот за кој тврдеше Нинџа. Дополнително било утврдено дека пожарот бил предизвикан од неисправна инсталација.

Тој ги отфрли како несериоззни тврдењата на Нинџа, кој пред исказот имаше сосема поинаква изјава отколку што ја даде таа во судницата.

Адвокатите на Бошкоски сметаа дека исказот на Зоран Азманов само ја потврдува невиноста на екс министерот, за кого во целиот досегашен процес нема ниту еден материјален доказ дека е замешан во убиството на Тушевски.

Убијците на Марјан Тушевски и Јанев се недостапни цело време, а процесот се води со образложение дека тие и не се битни.

Љубе Бошкоски во неколку наврати во судницата посочи дека целиот процес е само театар во кој тој по политичка нарачка треба да биде осуден и затоа бараше барем да бидат ослободени останатите обвинети. Бошкоски за овој случај предупреди дека му се подготвува уште додека беше на слобода, на прес конференција, за што подоцна од зад решетките, бомбардиран со тужби за клевета тешки неколку стотина илјади евра, се извини.

На следното рочиште се закажани завршните зборови на одбраната.

П.П.

Би можело да ве интересира

Испукани три куршуми кон таткото на киднапираниот Самоил, еден го погодил во глава, еден во рамо: Костадиновски ќе биде опериран

A1on

(ВИДЕО) Детали за инцидентот во Лисиче: Напаѓачот пукал кон таткото на Самоил, паднал од мотор и избегал

A1on

Едно лице пукало пред домот на Самоил Костадиновски, повредениот е во болница, потврдија од МВР

A1on

Пукано кон таткото на исчезнатиот внук на Љубе Бошкоски

А1он

Обединети за Македонија: Груевистичките мегафони не стивнуваат

ВИДЕО: Го бара ли некој киднапираниот Самоил – И по еден месец се уште ни трага од него

Анита Петровска Рајковиќ