Кениската атлетичарка Рут Чепнгетич го собори денеска во Истанбул светскиот рекорд во полумаратон, истрчувајќи ја патеката од 21 километри со време од 1:04:02.
Новиот светски рекорд е за речиси половина минута побрзо време од постигнувањето (1:04:31) на Етиопјанката Абабел Јешанех, од февруари 2020 година во Обединетите Арапски Емирати.
Кенијката Чепнгетич воедно е и светски првак во полумаратон.
На полумаратонот во Турција, и покрај пандемијата на коронавирус, на стартот се појавија околу 4.000 натпреварувачи во машка и женска конкуренција.