Според извршниот директор на фудбалскиот клуб Борусија Дортмунд, напаѓачот Роберт Левандовски и следната сезона ќе го носи жолто-црниот дрес.
– Одлуката околу Левандовски е донесена и таа е конечна. Тој најмалку уште една сезона ќе остане во Борусија. Ни беше потребно решение околу ова прашање и тоа е најдено, истакна директорот Јоаким Вацке.
Претходно, голем интерес за ангажман на Левандовски во летниот преоден рок покажаа Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Баерн Минхен.