Стојанче Ангелов има план како да ги спречи мигрантите да го шират коронавирусот

Од:

Главниот штаб за управување со кризи при Центарот за управување со кризи, со којшто раководи Стојанче Ангелов, в.д. директорот на ЦУК, соопшти дека го донел Акцискиот план за превенција и справување со влезот и транзитирањето на мигрантите низ територијата на Република Северна Македонија.

Планот е подготвен со цел „да се заштити населението во државата од пандемијата заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на нашата држава и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на постоење на пандемија,“ велат од ЦУК.

Конкретно, Центарот за управување со кризи денеска ја организираше и ја одржа 15-та седница на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК (од прогласувањето кризна состојба) преку видеоконференциска врска.

На седницата се утврдија оперативно стручни заклучоци при што, покрај донесувањето на Акциски план, институциите во Системот за управување со кризи (СУК) добија задача да извршат проценување на потребите во материјални и човечки ресурси потребни за справување со кризна состојба, со конкретен рок за доставување до ЦУК за истото да стане дел од Акцискиот план. Заклучок се донесе и субјектие во СУК да продолжат со сите свои планирани активности за справување со кризната состојба и истите да ги координираат во Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК, каде што ќе се донесат одлуки и заклучоци за нивна реализација.

Инаку, согласно текот на седницата, прво, по реферирање за преземените мерки и активности на институциите од Системот за управување со кризи (СУК) за справување со кризната состојба од заразната болест „COVID-19“, следуваше разгледување на записниците од седниците на Управувачкиот комитет, Групата за процена и Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за постоење кризна состојба на дел од територијата на државата и тоа на подрачјата на јужната и северната граница, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на нашата држава и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација за вирусот „SARS-CoV-2“ и спречување од негово ширење, со кои се загрозува безбедноста, здравјето и имотот на населението и истите беа преточени во заклучоци за идни активности. Притоа се адаптираше и Акцискиот план.

На крај, раководителот на Главниот штаб за управување со кризи, в.д. директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, истовремено и ја нагласи важноста за почитување и на секогаш актуелниот апел на Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија за понатамошно максимално следење на препораките, упатствата, мерките, а и забраните во државата со цел за заштита и спречување на ширење на вирусот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лос Анџелес станува „град засолниште“ за мигранти пред доаѓањето на Трамп

Катерина Ѓуровски

Ангелов тврди дека институциите нема да бидат изненадени од снегот

Лишен од слобода криумчар на мигранти

Спасен давеник од Дојранско езеро

Спасен повреден мотоциклист кој паднал во провалија на Шар Планина

Шолц е скептичен кога станува збор за прифатните центри за мигранти надвор од ЕУ