Петровска: Извештајот на Стејт Департментот е потврда за посветеноста во борбата против корупцијата и криминалот

Од:

Извештајот на Стејт Департментот е последна потврда за напорите на Владата предводена од СДСМ за бескомпромисна борба против корупција и градење силен, независен и ефикасен правосуден систем. Во извештајот на Стејт Депарментот се наведува дека Владата на Северна Македонија демонстрирала поголема почит кон независноста на судството и непристрасност во споредба со претходните години – рече на прес конференција пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска.

„Како одговорна партија, сериозно ги земаме предвид сите забелешки и препораки што произлегуваат од Извештајот на Стејт Департментот. Секако дека постојат области каде што напредокот не е на задоволително ниво, но тоа за нас е дополнителна причина реформскиот процес да продолжи уште позасилено. Факт е дека овој Извештај, како и оној од ГРЕКО, ја нотираат подготвеноста и посветеноста на Владата предводена од СДСМ во градење на независно судство и бескомпромисна борба против корупцијата“ – рече Петровска.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Судот утврди дека Славјанка Петровска ширела лаги и клевети против мене

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петровска до Николоски: Спроведовте ли надзор над општина Чаир за дивоградбите?

САД ќе го намали дипломатскиот персонал во земјите од Блискиот Исток

Во сообраќајката кај Момин Поток загинаа полковник Стефан Ивановски и Ана Нешовска од Министерство за одбрана

А1он

(ВИДЕО) Петровска: Тошковски ја контаминираше истрагата за Кочани

Вработен во Стејт департментот уапсен поради заговор

Горан Наумовски