Светски ден за подигање на свесноста за аутизмот

Од:

Со симболично трчање на Кејот на Вардар, денеска ќе се одбележи светскиот ден за подигнување на свесноста за аутизмот. Настанот е организиран од страна на Здружението „Сина светулка“ и „KoRЯunners“.

Втори април како светски ден за подигнување на свесноста за аутизмот се одбележува од 2008 година, на предлог на државата Катар со одлука на Генералното собрание на ООН. Од тогаш, во сите земји членки на овој ден се организираат настани кои имаат цел да го насочат вниманието кон нарушувањата од спектарот на аутизам и предизвиците со кои се соочуваат оваа група граѓани и нивните семејства.

Целта е да се испрати порака дека лицата со аутизам се рамноправни членови во општеството и треба да им се овозможи да се учествуваат во сите сфери на нашето општествено живеење вклучувајќи го и спортот.

Здружението „Сина светулка“ активно учествува во подигнување на свесноста и нивото на третман на децата и лицата со нарушувања од спектарот на аутизам во нашата држава. За таа цел, во периодот што следува здружението ќе овозможи бесплатни консултации и индивидуална поддршка на семејствата и децата со аутизам, но и бесплатни едукации за сите стручни лица наменети за стекнување знаења и вештини за примена на стратегии за справување со предизвиците во однесувањето на децата со аутизам во редовните училишта.

Би можело да ве интересира

Мехмедовиќ: Не постои релевантен доказ дека вакцини предизвикуваат аутизам

Мајката на аутистичното момче за „А1он“: „Едвај стои на нозе, предозиран е од лекови“

A1on

Зоран Мијалков поднесе пријава за расистички и ксенофобични пораки за децата со аутизам против вевчанецот Србаковски

Соучениците издлабиле свастика на тинејџер со аутизам: „Такво нешто не сме виделе со децении“

Кампања по повод Светскиот ден на аутизмот

Ана Ололовска

Ковачевски: Владата продолжува со силна поддршка за лицата со аутизам и нетипичен развој

А1он