Мајкрософт доби тендер вреден 22 милијарди долари од американската армија

Од:

Мајкрософт го доби тендерот на американската армија за набавка на лична опрема заснована на технологијата „зголемена реалност“, обезбедувајќи нарачка чија вредност може да достигне 21,9 милијарди долари во следните 10 години.

Компанијата соработуваше со војската две години за да се изгради прототип на „интегрираниот систем за визуелно зголемување“ (ИВАС), а во средата објави дека војската ја започнала фазата на производство.

Техничкиот соработник на „Мајкрософт“, Алекс Кипман објави на блог дека очилата се дизајнирани да создадат „подобрена перцепција на состојбата на една личност, овозможувајќи размена на информации и донесување одлуки во различни сценарија“.

– Очилата ќе бидат произведени во САД, изјави портпарол на „Мајкрософт“.

„Мајкрософт“ исто така требаше да потпише договор вреден 10 милијарди долари за услуги во сметководство со Пентагон, но договорот се уште е спорен поради тужбата на „Амазон“.

Претставници на Пентагон во февруари им соопштија на членовите на Конгресот дека Министерството за одбрана може да се повлече од договорот во случај на долга судска постапка.

Откако „Мајкрософт“ во 2018 година објави испорака на прототип на војската со договор вреден 480 милиони долари, најмалку 94 работници побараа од управата да го откаже договорот и да го запре развојот на „целата технологија за оружје“.

Би можело да ве интересира

Американската армија изврши тајна акција: Убиени се 15 терористи

Американските бази во Европа во состојба на готовност поради можни терористички напади

Нападната американската војска: Најмалку 3 војници загинаа, 25 се ранети

„Њузвик“: Американците повеќе не сакаат да се борат за својата земја

Филипините и одобрија на американската армија проширен пристап до нејзините воени бази

Мајкрософт ќе укине 10.000 работни места како дел од подготовките за рецесија

Ана Ололовска