Американската амбасадорка разговарала со Села и Гаши, им порачала да бидат конструктивна опозиција

Од:

Американската амбасадорка во Северна Македонија Кејт Брнз денеска разговарала со лидерите на Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши, со цел да ја истакне потребата да бидат конструктивна и ангажирана опозиција, објави Амбасадата на САД на својот Фејсбук профил.

-Амбасадорката Брнз ги охрабри двајцата лидери да соработуваат со останатите со цел да ги надминат предизвиците со кои се соочува земјата во моментот, посочува Амбасадата на САД.

Коалицијата на Алијанса на Албанците и Алтернатива претходно објави дека останува на ставот дека пописот не треба да се одложи и нагласи дека нема да дозволи да се одржи денешната собраниска седница, на која на дневен ред се Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Севрна Македонија, 2021 година по скратена постапка и Предлог на закон за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка.

Во меѓувреме Собранието денеска ја почна 38. седница со двете точки на дневен ред, одложување на пописот што би се одржал од 5 до 30 септември, како и измена на Изборниот законик со којшто се предвидува употреба на терминали за отчитување на отисок од прсти на локалните избори, што исто така ќе бидат одложени за втората половина на октомври.

Би можело да ве интересира

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Алијанса за Албанците: Резултатите од ПИСА 2025 – црвен аларм за образованието

A1on

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on