Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) објави податоци за надоместоците за агенциите од страна на клубовите од Серија А во 2020 година.
Најмногу од сите меѓу клубовите потрошени на агенциски такси е Јувентус со 20,8 милиони евра. Рома е на второто место (19,2 милиони евра), додека Милан е трет (14,3 милиони евра). Следуваат Наполи со 12 милиони евра, Фиорентина со 9,7 милиони евра и Интер со 9 милиони евра.
Вкупниот износ за агенциските такси во 2020 година изнесува 138 милиони евра, што е за скоро 50 милиони евра помалку од 2019 година.