Пендаровски го продолжува препукувањето: Чудно е што Филипче не кажува дека првите контакти за вакцините беа преку мојот кабинет

Од:

Препукувањето меѓу претседателот на државата Стево Пендаровски и министерот за здравство Венко Филипче околу неуспехот да се обезбедат вакцини за масовна имунизација во Македонија продолжи и вечерта, а Пендаровски, кој претходно ја нарече масовната вакцинација на македонските граѓани во Србија изминатиов викенд „срам за државата“, сега вели дека Филипче криел оти првите контакти со светските компании околу набавката на вакцините против Ковид-19, се случиле преку кабинетот на претседателот.

„Во целост се согласувам со изјавата на министерот Филипче дека сликите од Србија изминатиот викенд се израз на солидарност, но, тоа е солидарност која државата Србија ја покажа кон десетина илјади наши граѓани. Меѓутоа, тешко дека тие слики на наши граѓани кои бараат здравствена заштита во странство, откако не ја добија во сопствената земја, се за фалење,“ вели Пендаровски.

„Во однос на процесот на набавка на вакцини, крајно сум зачуден што министерот Филипче свесно не го споменува фактот дека првичните контакти со најголемите фармацевтски компании, кон крајот на декември мината година се направени преку мојот Кабинет и од тогаш до денес како претседател сум активно вклучен преку дипломатските канали во процесот за набавка на вакцините, што инаку е примарна надлежност токму на министерот за здравство,“ додава претседателот во својот најнов одговор кон Филипче.

Би можело да ве интересира

Филипче: Бугарија треба да каже дека нема да има барања на непринципиелна основа

Во енергетска криза, кланот Заеви и Филипче преку шема на фирми препродавале јаглен на ЕСМ три пати поскапо и профитирале, а граѓаните плаќале повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ

Филипче: Кочоска јасно порача дека платите нема да растат

(ВИДЕО) Манасиевски: Венко Филипче е главниот лик во аферата „Провизии кои чинат животи“

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче ја уништија надежта, немаат кредибилитет да зборуваат за младите

Ако Мицкоски продолжи вака нема ни Господ му помогне, вели Филипче

Горан Наумовски