А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Дебранец бесправно изградил базени покрај Дебарското езеро, доби кривична пријава

by А1он30/03/2021 - 16:22330
Share0

Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на градот кој узурпирал земјиште во државна сопственост покрај брегот на Дебарско Езеро и на него бесправно градел.

Добивај вести на вибер

-Кривична пријава е поднесена против Б.П.(68) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“. Тој во текот на 2020 година, кај месноста „Бадеми“ на крајбрежјето на Дебарско Езеро, узурпирал државно земјиште со вкупна површина од 69,36 метри квадратни и без одобрение од надлежен орган, од цврст материјал, изградил два базени, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи.

Тој додаде дека со тоа пријавениот го прекршил членот 59 од Законот за градење и се стекнал со противправна имотна корист од 106.970 денари.

Долж брегот на Дебарско Езеро, посебно кај градската плажа и месноста „Манастирец“ (Три чешми) голем број жители на Дебар, но и од Скопје, бесправно изградија функционални објекти, со узурпација на земјиште во државна сопственост. Иако се најавуваше дека против нив ќе се преземат соодветни законски мерки, во еден период и нивно уривање, дел од нив, како што беше речено на една од последните седници на Советот на општина Дебар, веќе се легализирани.

debardivogradbamvr

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он19/12/2025 - 15:3819/12/2025 - 15:39

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Катерина Ѓуровски09/12/2025 - 12:14

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Предраг Петровиќ05/12/2025 - 20:00

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он03/12/2025 - 16:48

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

Катерина Ѓуровски01/12/2025 - 10:19

ВИДЕО: Попуштија и се урнаа потпорен ѕид и улица во Србија, изградени без дозвола

Предраг Петровиќ28/11/2025 - 16:39
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен