Не знаеме колку вакцините ќе штитат од новите бранови на пандемијата, вели Џонсон

Од:

И покрај евидентниот успех во вакцинацијата, Велика Британија се уште не знае колку ќе биде силна нејзината одбрана од следните бранови на пандемијата на коронавирусот, изјави денеска британскиот премиер Борис Џонсон.

-Спроведувањето на вакцинацијата беше многу импресивно благодарение на сите што имаат удел во тоа, но она што не го знаеме е колку се точни сега нашите тврдини, колку е силна нашата одбрана од вториот бран, предупреди Џонсон на прес-конференција, пренесоа британските медиуми.

Британскиот премиер кажа и дека се надева дека Англија нема да мора да воведе нова блокада, под услов јавноста да ги почитува правилата и вакцините против коронавирусот да продолжат да бидат ефикасни.

-Се надевам, во моментот не гледам ништо во податоците што би довело до тоа да се отстапи од акцискиот план, но мора да останеме понизни пред природата и мора да бидеме подготвени да сториме се што е потребно за да ја заштитиме британската јавност, рече Џонсон.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Борис Џонсон планирал напад на холандската фабрика за вакцини против корона

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on