Неуспешна мисија на Груби: Мадрид нема да го признае Косово, кој и да го бара тоа

Од:

„Ставот на Шпанија за територијата Косово и понатаму е ист и не се менува, Шпанија не ја признава независноста на Косово и тоа е државна политика“, изјави денеска шпанскиот амбасадор во Белград Раул Бартоломе.

„Шпанија нема да го промени својот став по прашањето за Косово, само затоа што некоја земја го бара тоа од нас“, порача Бартоломе по честите повици не само од политичари од Косово, туку и од земји членки на ЕУ за петте членки кои не го признале Косово, да го направат тоа.

Тој го повтори ставот на својата земја дека ќе го прифатат само она што ќе го прифати и Србија.

Шпанскиот амбасадор ја коментираше и неодамнешната изјава на македонскиот прв вицепремиер Артан Груби, дека Македонија ќе бара од Шпанија да го признае Косово, велејќи дека нема таква информација.

Бартоломе вели дека нема сознанија дека некој од Европската Унија има акции насочени кон тоа Шпанија да ја промени својата позиција и да го признае Косово како држава.

Груби од Косово на прашање дали при посетата на Шпанија на 18 март, министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе побара Шпанија да го признае Косово, одговори потврдно.

„Апсолутно да, прашањето за Косово е на приоритетната листа на г-дин Османи, исто така е приоритет на нашата партија како учесник во Владата на Република Северна Македонија. Разговаравме за ова со г-ѓа Вјоса Османи, дека секогаш ќе ја имаат нашата поддршка, без разлика дали сум јас како заменик-премиер, или министерот за надворешни работи Бујар Османи, но и на Али Ахмети, бидејќи Косово е наш приоритет“, рече Груби.

По посетата на Османи на Мадрид, во извештајот на страната на МНР никаде не е наведен дека побарал признавање на Косово.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада