Барселона, 26 март 2021 (МИА) – Поранешниот бразилски фудбалски репрезентативец Ривалдо е уверен дека Лионел Меси ќе остане во Барселона.
Ривалдо го носеше дресот на каталонскиот клуб од 1997 до 2002 година и во тој период беше најдобар фудбалер во светот.
– Барселона напредуваше во последните недели, Меси е во одлична форма, а на тоа влијаеше и претседателската смена во клубот. Меси изгледа посреќен откако Жоан Лапорта се врати, тоа е човек кој добро го познава. Поради тоа верувам дека големи се шансите Меси да остане и да потпише нов повеќегодишен договор, изјави Ривалдо.
Аргентинецот Меси има договор со Барселона до крајот на јуни годинава, а уште од почетокот на оваа сезона се шпекулира дека може да го напушти клубот во кој ја помина целата кариера.