Нуредини: Централен систем на податоци за нивоата на езерата за навремени акции

Од:

Намалување на нивоата на водата се случува во сите езера од минатата есен, во Охрид, Дебар, Тиквеш…, затоа побарав од премиерот најголемите хидроцентрали да запрат со користење на водата за да видиме дали се тие причинителите, изјави министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, кој побарал и Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) да добие повеќе средства за справување со проблемот.

– Треба да ги знаеме нивоата на нашите води, на езерата, и важно е министетствата за животна средина и за земјоделство и УХМР да имаат централен систем за собирање на податоците за да може да се преземат акции пред да се случат вакви ситуации, изјави Нуредини на Штипскиот универзитет, каде што беше претставен проект за справување со аерозагадувањето.

За проблемот со пресушување на Дебарското Езеро, рече Нуредини, веднаш го контактирал државниот инспекторат и се подготвува извештај за да се преземат соодветни мерки, а за проектот за Преспанското Езеро посочи дека е долгорочен и постои акциски план.

– Краткорочните мерки се веќе почнати и тука е клучна трилатералната соработка помеѓу нашата земја и нашите соседи. Го повикавме комитетот да се состане. Има неколку аспекти за овој проблем кој се одолговлекува со децении. Намалувањето на нивото на езерото се случувало со декади и не може да се постигне веднаш издигнување, туку постепено, природно и во подолг период, рече Нуредини, кој им се заблагодари на повеќе од 20 експерти кои доброволно се ангажирале во проектот за Преспанското Езеро.

Би можело да ве интересира

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

A1on

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

A1on

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

A1on

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

A1on

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари