Проект за справување со аерозагадувањето во Скопје се спроведува на Штипскиот универзитет

Од:

Во лабораторија на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип се прави анализа на изворите на загадување на воздухот со примероци од мерни станици во Лисиче и Карпош, со цел да се добијат веројдостјни и научнобазирани податоци за да се креираат соодветни политики и ефикасни мерки во справување за овој еколошки проблем.

Новокупената високотехнолошка опрема денеска беше промовирана на Штипскиот универзитет, во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот во Скопје“. Финансиран е од Шведската агенција за меѓународна соработка (СИДА) и спроведен од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерство за животна средина и просторно планирање и Град Скопје.

– Загадувањето на воздухот е голем штетник на здравјето на луѓето. Околу 19 градови во Западен Балкан имаат повисок процент на загадување од поставените стандарди на Европската Унија. За Шведска е важно да ви помогне во овој проблем. Ги следиме напорите што ги прави вашата земја и ја поддржуваме за поглавјето за животна средина 27, кое е обемно и скапо за имплементирање, изјави амбасадорката ан Шведска во земјава Кристин Форсгрен Бенгтсон по посетата на лабораторијата на УГД Штип.

Таа нагласи дека одговорноста за загадувањето е заедничка – важно е сите граѓани да бидат одговорни, да се грижат за отпадоците, пластиката.., децата да се едуцираат и е многу важно, рече, да се подигне јавната свест и да се вклучат и научните установи и граѓанските организации со нивната експертиза.

Претставничката на Програмата на Обединетите нации за развој (УНДП) Нарине Сахикјан посочи дека решавањето на проблемот со аерозагадувањето бара интердицсиплинарен и интерсекторски пристап и затоа проектот што денеска го презентираа е сеопфатен и се вклучени и Министетството за животна средина, бизнис-секторот, академсата заедница.

– На Универзитетот „Гоце Делчев“ се прави анализа на примероците од мониторинг-станиците во Лисиче и Карпош во Скопје, за да се добијат повеќе детали за можните извори на загадувањето. Важно е да се добијат веродостојни податоци кои потоа ќе и помогнат на Владата да донесе вистински мерки и политики за справување со овој проблем. Исто така и нам, како партнер во имплементацијата, ќе ни помогне да имаме соодветен пристап, а ќе влијае и на политиките на локалните власти и на однесувањето на граѓаните во земјата, истакна Сахикјан.

Во рамки на овој проект ќе им се помогне и на 160 домаќинства во Лисиче да го променат начинот на загревање на нивните домови со модерен. Посочи дека веќе се избрани 60 домаќинства, се прават проверки за да се изнајде најсоодветно решение за ефикасно загревање што нема да ја загадува животната средина. Повикот е отворен до 5 април, ќе бидат избрани уште сто домаќинства и ќе се поддржат оние што се социоекономски најранливи.

Министерот за животна средина Насер Нуредини посочи дека со овој проект ќе добиеме научни податоци за аерозагадувањето за кое, рече, зборуваме со децении, а нема едноставно решение.

– Имаме индикатори за изворите на загадување, а со овој проект имаме можност точно да ги идентификуваме кои се загадувачите и врз основа на тие податоци ќе креираме соодветни политики и насоки како да се смени загревањето на објектите – приватни, државни, инфраструктурни итн. Ова е пилот-проект кој се имплементира во Скопје, но ја засега целата држава. Владата ги обврза сите државни институции, локални самоуправи, министетства… да направат список на сите јавни објекти и начинот на кој се загреваат. Сакаме да бидеме пример за промена на начинот за загревање на објектите, а потоа во тоа да ги поддржиме граѓаните, истакна Нуредини.

Тој посочи дека Министерството за животна средина има стратегија и програма за овој проблем и дека соработува со министертствата за економија и за транспорт и врски во инвестирање за инсталација на гасоводот во земјава. Министерството за екомномија нуди субвенции за промена на начинот на греење на домовите, а Министетството за финансии, рече, обезбеди кредит од 25 милиони евра за енергетска ефикасност.

Ректорот на Штипскиот универзитет Блажо Боев изјави дека е почестен што овој проект дониран од Шведска и спроведуван од УНДП и е доверен на нивната установа која е опремена со модерна технологија.

– Штипскиот универзитет е најпрогресивната научна установа во земјава што може да се занимава со прашања од оваа проблематика, рече ректорот на УГД.

Би можело да ве интересира

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

A1on

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

A1on

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

A1on

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

A1on

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари