(ВИДЕО) Заев: Јавното здравство е достапно за сите, болните од ковид не плаќаат ништо

Од:

Претседателот на Владата Зоран Заев, на седницата за пратенички прашања во Парламентот, одговори и на пратеничко прашање околу справувањето на државата со пандемијата и побара да не се шират лажни пропаганди и да се поигрува со чувствата на граѓаните, со цел добивање политички поени.

„Јавното здравство е достапно за сите. Болен од коронавирусот не плаќа ништо во јавното здравство. Ништо повеќе нема во приватното здравство, што има во јавното здравство. Сè што не може да се најде како лек или лекарска интервенција, државата плаќа во приватното здравство или надвор од државата и ова важи за сите граѓани“, рече премиерот Заев.

Тој во обраќањето побара да не се напаѓаат неосновано здравствените експерти или да се упатуваат закани кон министерот за здравство и претставници на Владата, бидејќи тоа се закани.

„Нема повисок приоритет од здравјето на луѓето и никој нема да не спречи да го штитиме здравјето на граѓаните“, порача премиерот.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот