Дачиќ: Време е за мир и подобра иднина на Балканот

Од:

Српскиот премиер Ивица Дачиќ по седницата на Советот за безбедност на ОН за Косово изјави дека е дојдено времето, по 20 години нестабилност, да се посвети внимание на зајакнување на мирот и подбра иднина за народите на Балканот.

– Од историска важност е договорот кој го постигнавме, со желба во иднина да градиме односи со кои целиот регион ќе биде регион на мир и стабилност, истакна Дачиќ.

Тој оцени дека седницата главно минала во позитивни оценки за развојот на ситуацијата на теренот, а за Србија е посебно важно што е позитивно оценет натамошниот процес на евроинтеграција на земјата.

Како што нагласи Дачиќ, имало многусостаноци на СБ на ОН во последните 20 години кои биле посветени на војните, санкциите, бомбардирањето на Србија и затоа сега е време исто такво внимание да се посвети на зајакнување на мирот и подобра иднина за балканските народи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани