Во Бразил рекорден број смртни случаи од коронавирус

Од:

Бразил вчера имаше рекордни 3.251 смртни случаи поврзани со Ковид-19, а жителите низ целата земја удираа по тенџериња додека претседателот Жаир Болсонаро имаше обраќање на телевизија, бранејќи го својот одговор на пандемијата.

Како што пренесуваат светските агенции, новиот рекорден број смртни случаи за 24 часа покажува до кој степен пандемијата во Бразил е надвор од контрола, поради збунувачкото воведување на вакцината и поради нееднаквите здравствени ограничувања, а сето тоа доведе до пренатрупаност во болниците.

Болсонаро е под се поголем притисок да ја стави пандемијата под контрола, иако тој го намалува значењето на вирусот, изразува сомнеж во врска со вакцинациите и се спротивставува на мерките преземени на државно и локално ниво.

Би можело да ве интересира

Возач изгубил контрола над автобусот во Бразил – десет мртви, меѓу кои и две деца

А1он

Бразилски пејач се удави додека снимаше спот

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

Во Бразил клонирана втората најскапа крава во светот

А1он

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он