„Пресвртната точка во битката со Ковид-19 беше создавање на вакцини. Со нивна помош, можеме да се справиме со пандемијата и да ја вратиме слободата што вирусот ни ја одзеде. Ви благодарам за надежта и можноста повторно да го имаме претходниот начин на живот“. Ова го изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов во телефонски разговор со проф. Угур Шахин, основач на германската компанија Бионтек, која заедно со американската компанија Фајзер развија една од првите вакцини против коронавирус во светот.
Борисов вели дека главниот предизвик денес е вакцините да бидат достапни за сите граѓани, не само во Европската унија, туку и ширум светот.
„Затоа што никој не би бил безбеден од коронавирусот се додека не бидеме заштитени сите. Бугарскиот премиер силно му честиташе на германскиот научник за исклучително високотехнолошкото откритие, а тоа е вакцината создадена од Бионтек. Борисов истакна дека се повеќе и повеќе бугарски граѓани се подготвени да бидат вакцинирани затоа што се убедени во придобивките од имунизацијата, која спасува животи.
За време на разговорот, премиерот Борисов истакна дека Бугарија има долга традиција во производството на лекови и вакцини.
Тој ги покани германскиот научник Шахин и неговиот тим да ја посетат Бугарија за да се запознаат со активностите на бугарската компанија Бул Био за производство на вакцина против Ковид-19.