Стоилковски: Срамно, Шилегов во криза му дава милион на партнерот на Царовска

Од:

Срамота е Петре Шилегов на четврти март годинава, кога сета јавност беше девастирана заради неморалот и лагите на власта за наводните вакцини, да додели милион денари за животниот сопатник на Мила Царовска. Милион денари за 12 месеци, 1.340 евра секој месец, токму за семејството на Мила Царовска, министерka за образование – рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски,

„Срамота е, тешко неморално дело е, да се дадат милион денари за да лета дронот на Мила, додека ученици и наставници паѓаат болни, со се потешки последици од короната. Срамота е, наместо да се мисли на заштита на човечки животи, да се мисли како дронот на Мила Царовска да се обезбеди со нов милион од Град Скопје, потпишан од Петре Шилегов за нејзиниот близок партиски соработник. Срамота е што токму во изборна година дронот на Мила Царовска лета на буџетски милионски сметки“ – порача Стоилковски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ислам Абази стана џелат на правдата и ги спасува криминалците од СДС и ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче најгласно се залага за спроведувањето на бугарските барања

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не нуди решенија, туку борба за власт

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме Филипче и СДС да расчистат со политичките случувања во другите држави, за да се вратат во реалноста и да почнат да бидат опозиција во Македонија