ЕУ и воведе санкции на Кина за кршење на човековите права против Ујгурите

Од:

Европската унија денеска воведе санкции против Кина поради кршење на човековите права против ујгурскиот народ, изјави извор на ЕУ за ДПА, а по договорот постигнат на средбата на шефовите на дипоматиите на Унијата.

Последен пат кога ЕУ воведе казнени мерки за Пекинг поради кршење на човековите права беше по масакрот на плоштадот Тјенанмен во 1989 година.

Имињата на лицата против кои ќе се спроведат мерките како што се замрзнување на имотот на ЕУ или забрани за патување треба да бидат наскоро официјално објавени.

Во последните неколку години, стотици Ујгури, Казахстанци и Хуи сведочеа за тоа дека биле задржани во логори за притвор, како дел од она што според набљудувачите е владина кампања за присилно асимилирање на етничките малцинства.

Кинеската влада вели дека камповите, во кои според проценките имало над еден милион луѓе од 2017 година, се всушност „центри за стручно образование“ за искоренување на екстремизмот и тероризмот.

Би можело да ве интересира

Кина издаде предупредување за ризик за туристите кои патуваат во САД

Горан Наумовски

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

Трамп: Одлично време е да ја преселите вашата компанија во САД

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Русија го нападна Трамп: Ги крши меѓународните трговски правила

Кина одговори: воведе царини од 84 отсто на стоки од САД