Словенија и Италија од утре ќе продолжат да ја користат вакцината на „АстраЗенека“ против коронавирус, по извештајот на Европската агенција за лекови (ЕМА) во кој се проценува дека придобивките од вакцината ги надминуваат ризиците.
Во Словенија ќе се вакцинираат државниот врв, претседателот Борут Пахор, претседателот на Националното собрание Игор Зорчиќ, премиерот Јанез Јанша и претседателот на Националниот совет Алојз Ковшц.
Италијанскиот премиер Марио Драги рече дека останува приоритет на Владата да вакцинира повеќе луѓе што е можно поскоро.
Италија и Словенија беа меѓу десетината земји кои прекинаа да ја користат вакцината на „АстраЗенека“ на почетокот на оваа недела по извештаите за згрутчување на крвта кај неколку лица кои неодамна биле вакцинирани со вакцината.
Имунизацијата со таа вакцина ја прекинаа и Германија, Франција и Ирска.