Интернет-страниците „Лидер“ и „Мквести.мк“ објавија лажна изјава од градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко во која наводно тој се правда за потрошените пари за репрезентација. Двата портали ја пренесуваат изјавата, иако е објавена од сајт за сатира и не е дадена од градоначалникот.
И порталот „Прессингтв“ објави вест со наслов: „Мерко потрошил 27.000 евра по кафани за да ги помогне угостителите“ и истите цитати, но потоа ја избриша.
Реобјавувањето на веста со наводна изјава на градоначалникот Мерко со која го правда трошењето доаѓа откако порталот „Кооперација.мк“ објави сатирична вест со измислена изјава, категоризирајќи ја во „сатира“.