Франција и Шпанија потпишаа конвенција за двојно државјанство

Од:

Франција и Шпанија потпишаа конвенција за двојно државјанство, се наведува во завршната изјава на 26-тиот Француско-шпански самит, што се одржа во Монтобан под раководство на францускиот претседател Емануел Макрон и шпанскиот премиер Педро Санчез.

„Дваесет и шестиот Француско-шпански самит им овозможи на двете земји да потпишат конвенција за државјанство, што е важна фаза во нашата заедничка историја. Оваа конвенција им овозможува на граѓаните од секоја земја да добијат државјанство во другата земја и им го прави животот на илјадници наши сограѓаните многу полесен“, се вели во документот.

Макрон на Твитер потсети дека 190.000 Шпанци живеат на француска територија и 150.000 Французи живеат во Шпанија.

Би можело да ве интересира

На делегација на француски левичарски функционери им е забранет влез во Израел

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

Серија напади на затвори во Франција, властите велат ова е тероризам

Се повлекуваат банкноти од 50 евра

Нова истрага против Марин Ле Пен

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина