Католичката црква не може да ги благослови геј заедниците, затоа што Господ не може да благослови грев, соопшти денеска Ватикан.
Правоверната канцеларија на Ватикан, конгрегацијата за верска доктрина, соопшти дека официјалниот одговор на прашањето дали католичкото свештенство може да ги благослови хомосексуалните заедници е негативен.
Одговорот на две страници, на кој стои потпис на папата Франциск, е објавен на седум јазици.