Претседателот на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), Александар Чеферин објави краен рок за донесување одлука за прием на навивачи на натпреварите на натпреварите од Европското првенство 2020.
– Крајниот рок е утврден на 20 април. Идеален исход би бил турнирот да се одржи во 12 градови, но доколку тој не успее, тогаш турнирот ќе се одржи во 10 или 11 земји го цитира „Дејли рекорд“ Чеферин.
Претходно беше објавено дека Билбао, Даблин и Глазгов може да бидат исклучени од списокот на градови домаќин на евро-шампионатот кој требаше да се одржи минатата година, но поради пандемијата е преместен за претстојното лето.