Во Холандија 10 инциденти по вакцинација со АстраЗенека, во Данска жена со невообичаени симптоми

Од:

Холандската служба за контрола и надзор на реакција на лекови Фармаковиксиленс досега потврди 10 инциденти кај вакцинирани со АстраЗенека, а кои се евидентирани по владината одлука од претпазливост привремено да се запре администрирањето на таа вакцина.

Во соопштението на таа служба се наведува дека несеканите реакции вклучуваат случаи на тромбоза и емболија, но не и намален број тромбоците – како што имаше случаи во Данска и Норвешка.

Данската здравствена служба, пак, денеска соопшти дека 60-годишна жена која починала откако примила вакцина АстраЗенека имала исклучително невообичаени симптоми.

Таа имала мал број на тромбоцити и згрутчување на крвта во големите и малите крвни садови, како и внатрешно крварење. Неколку слични случаи се потврдени и во Норвешка и во базата на податоци на Европската агенција за лекови за несаканите ефекти, нагласуваат од Данската агенција за лекови

Во Европската програма за вакцинација се загрижени од извештаите дека вакцините на АстраЗенека предизвикуваат тромбоза, но Европската здравствена агенција соопшти дека нема индикации дека ваквите реакции биле предизвикани од вакцинацијата, позиција што Светската здравствена организација ја објави во јавноста во петокот.

Би можело да ве интересира

Данска ќе испрати војници на обука во Украина

Холандската полиција уапси повеќе од 500 луѓе за време на протестите на активистите за климата

Сопствениците на кафулиња во Холандија сè уште можат да продаваат нелегално набавен хашиш

(ВИДЕО) „Ако проектил од подморница летне кон Америка…“: Џеј-Ди Венс и се закани на Данска од воената база на Гренланд

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Холандската полиција извести: Турист го „уапси“ напаѓачот од Амстердам

(ВИДЕО) Напад во Амстердам, најмалку петмина се повредени