Сонувате ли да заминете на патување низ Медитеранот за кое ќе раскажувате со години? Имате ли листа со дестинации што отсекогаш сте сакале да ги посетите? Запознајте се со „Сплендидa“, бродот што ќе ве однесе на 12-дневна авантура исполнета со многубројни прошетки на локации што пленат со богата култура, историја и безвременска архитектура.
Вашето крстарење почнува од историското италијанско пристаниште Џенова и од таму се упатуваме кон првата дестинација Барселона, каде што ќе уживате во уникатната „Саграда фамилија“ и во светот на Антони Гауди додека морското ветре и шпанското сонце ви ја полнат душата со убавина. Од тука патувањето продолжува кон југ и прекрасното Мароко. Доколку, пак, сте љубители на ориенталниот стил, Казабланка ќе ве пречека со отворени раце и ќе ви го претстави Ориентот во вистинско светло. Почувствувајте ги прекрасните мириси на специфичната мароканска кујна додека шетате по живописните сокаци на градот. Посетете ја и најголемата џамија на африканскиот континент „Хасан Втори“, изградена од вештите раце на градителите од целото кралство.
На шестиот ден од патувањето сидрото на „Сплендида“ се спушта покрај најголемиот остров во канарскиот архипелаг – Тенерифе. Умерената клима дава одлична можност за долги прошетки кои ќе ве остават без здив. За оние што претпочитаат поурбани глетки, постои можност за прошетка низ симпатичните улички карактеристични за овој остров. Тенерифе исто така е дом и на неверојатните ботанички градини, кои изобилуваат со тропски растенија.
Од сите овие прекрасни моменти ве дели само еден повик до операторите на „Ел мундо“, кои ќе се погрижат целосно да одговорат на вашите прашања и барања во врска со турата.
Доколку сè уште размислувате и сте загрижени од аспект на здравствената заштита и мерките воведени поради глобалната пандемија на Ковид-19, имајте на ум дека „Ел мундо“ секогаш се грижи за своите патници и ги презема сите мерки што се неопходни за целосна заштита. Па, така, сите патници ќе бидат тестирани пред почетокот на крстарењето, но и за време на крстарењето, со цел поголема заштита. Факултативните екскурзии се спроведуваат во целосна согласност со одредените мерки од страна на властите, а со тоа ризикот е минимален.
Затоа, не размислувајте, резервирајте си место и почнете ја вашата атлантско-медитеранска авантура.
ПР Текст