Заев: Во тек е спроведувањето на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување, со кој ќе бидат опфатени 10.279 лица

Од:

Во тек е спроведувањето на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги за пазарот на трудот за 2021, кој оваа година изнесува 1,5 милијарди денари и со него ќе бидат опфатени 10.279 лица, објави премиерот Зоран Заев на својот профил на Фејсбук.

– Целта е да се обезбедат работни места посебно за најмладите, долгорочно невработените и лицата кои користат социјална помош, но и да им се помогне на сите оние кои ги загубија своите работни места поради пандемијата, наведува Заев во објавата.

Тој потенцира дека јавните огласи се во тек, преку кои работодавачите и невработените лица може да аплицираат за програмите и мерките за вработување.

– Креираме инклузивен и рамномерен регионален развој, економските мерки се насочани за спас на секое работно место. Оперативниот план е креиран во согласност со потребите на невработените лица и на претприемачите, додава премиерот Заев во фејсбук-објавата.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?