МРТ до Селмани: Забелешките ви се неосновани!

Од:

Советот на МРТ реагира на забелешките на Здружението на новинари на Македонија, наведени во писмото на претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, околу работата на Македонската радио-телевизија

За Советот забелешките се неосновани.

„Во МРТ се почитуваат сите законски прописи и процедури за работење. Му наложуваме на Работоводниот орган на МРТ да ги преземе сите мерки во врска со изнесените невистини во писмото на Селмани“, стои во заклучоците на Советот на МТВ.

Бараат МРТ да биде ставена настрана од личните интереси на поединци.

„Фактите велат дека во изминатиот период во радио – телевизијата се спроведуваат реформи, а тие повлекуваат поголема одговорност од сите вработени во МРТ. Во тој процес секој денар треба да се знае точно за каде е наменет. Тоа се однесува и на работата на сите во радио-телевизијата, вклучително и на новинарите.

– Ако имате проблем со тоа, директно ги поддржувате поединците кои се недисциплинирани и не ги завршуваат своите обврски за кои земаат плата од парите на граѓаните. Згора на тоа, како здружение, ЗНМ не треба да ги заснова своите наводи врз база на кажано, туку врз база на докази.

– Секоја одлука на МРТ има зад себе докази и факти, за разлика од писмото на Селмани каде има само работи кажани од трети лица кои се далеку од вистината. Секој новинар има право да членува по сопствениот избор во кое сака здружение, преку нас нема да се води битка на здруженијата кои се во борба за членство, нека се најде нов терен за водење на оваа битка“,стои во писмото од Советот на МРТ.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага

Чадиковски ги повика институциите да се најдат сторителите на запаленото возило на директорот и новинар на штипската Телевизија М НЕТ

ЗНМ: Запалено возилото на колегата Серсемов, бараме итна акција на МВР

Судскиот совет одлучи по претставката на ЗНМ: јавен укор за судијата Спировска Панева

ЗНМ: Нова контроверзна пресуда на Основниот граѓански суд Скопје