Со аплауз за битката на Горан Гаврилов за медиумите, новинарите, слободата на говорат се простија неговите колеги новинари, семејството, пријателите, роднините на денешната комеморација во неговото радио Канал 77, кое опстојува 30 години во медиумскиот простор. Гаврилов, која имаше 54 години беше сопственик на првото приватно национално радио во земјава, но пред се милуваше да каже дека е новинар и добро го знае тврдиот, горчлив новинарски леб почина вчера почина по кратко боледување. Во име на неговите соработници, Весна Миленковска рече „Горан прво беше наш колега, другар“.
-Заедно го јадевме тој тврд, горчлив новинарски леб. Беше визионер. Знаеше секогаш да биде не еден чекор, туку десет чекори напред. Загубивме човек кој, како што кажа негова долгогодишна колешка и другарка брзаше секогаш, да направи што повеќе, да достигне и следно скалило, да отиде понатаму, да биде прв. Секогаш со поглед напред и со насмевка. Не требаше да брза и сега, рече Миленковска.
Виолета Глигороска, која беше негов договодишен соработник, но пред се’ пријател и поддржувач забележа дека Горан Гаврилов не го доснима своето ЦД, кое требаше да го визуелизира и љубеното радио да го дополни со телевизија.
– Тоа беше неговиот следен проект. Со Дејан Ѓеоргиевски од Центарот за развој на медиуми многу често дебатираа, имаа и спротиставени ставови како треба да изгледаат македонските медиуми и секој од нив силно се обидуваше да си ги докаже аргументите. Така беше и во текот на нивниот заеднички настап на Светскиот ден на радиото, 13 февруари, кога не знаеја дека ќе биде тоа нивна заедничка борба со арагументи, вели Глигороска.
Дејан Ѓеоргиевски од Центарот за развој на медиумите посочи идејата беше на Горан, а ним им било чест да ја реалзираат под негово водство, таа далечна 1991 година со новото радио да биде глас на граѓаните, на слушателите кои ги дочекаа со широко отворени срца.
-Горан ја имаше сета храброст да им се спротивстави на тие што сакаа по итна постапка да го затворат радиото, кога неметнаа високи давачки и се обидоа да го обесхрабрат. Знаете како им врати? Со нови проекти и регионално, а потоа и национално радио. Канал 77 остана гласот на народот, на тие што го чувствуваа микрофонот како свој, а Горан во нивно име се спротивстави на силите кои го убедуваа дека нема место за неговите идеи. Не само што има, туку овој свет стана за него доволно простран за да ја раскаже неговата приказна во Прага, Белград, Вашингтон, Брисел, па се’ до африканските земји, од каде и ден денешен го почитуваат како реформатор, борец за слобода на изразувањето и слободни медиуми, рече Ѓеоргиевски.
Неговиот колега и, како што вели, соборец, Столе Наумов рече дека оваа година требаше заеднички да прослават 30 години слободно радио, 30 години Канал 77.
-Оваа недела Горан требаше да ги продолжи серијата средби со луѓето од власта, со кои разговараше за медиумските реформи. Пред некој ден ни рече – сега е клучен период да ги поставивме работите како треба, иако борбата за поголема слобода на говорот и слобода на медиумите нема да престане. Негови соговорници во оваа борба за поголема слобода беа премиерот Зоран Заев и координаторот во Владата Роберт, рече Наумов.
Последното простување од Горан Гаврилов е во Градската капела во Штип од 14 до 15 часот, по што ќе биде погребан на Градските гробишта.