ЕК работи на отворање на некои ЕУ политики за западниот Балкан пред формално членство

Од:

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, на форумот во Тирана утрово соопшти дека Европската Комисија (ЕК) е во процес на работа да го интегрира западниот Балкан во делови од политиките на ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

-Како дел од Економскиот и инвестициски план исто така разгледуваме начини да го интегрираме западниот Балкан потесно во заедничкиот пазар на ЕУ. Ова значи дека во некои области сакаме да видиме учество на западниот Балкан во политиките на ЕУ и пред формалното зачленување. Ве охрабрувам да работите со Комисијата за идентификување на областите во кои тоа е можно. Заеднички регионален пазар од осумнаесет милиони луѓе базиран на ЕУ правилата би било вистинска промена!, изјави Вархеји.

Тој потоа порача дека ваквата иницијатива би ги олеснила работите за бизнис секторот преку отстранување на дозволи за работа, укинување на банкарски трошоци во регионот, или пак укинување на непотребни сертификати за добра кои веќе биле проверени.

-Сево ова е клучно за зголемување на атрактивноста на регионот за инвеститорите и ќе ја олесни интеграцијата на западниот Балкан во заедничкиот пазар на ЕУ, додаде Вархеји.

Еврокомесарот истакна дека ЕУ е сега фокусирана на испорака на вакцини во регионот што е можно поскоро.

-Го разбирам разочарувањето што излезе покомплицирано одошто се надевавме. Меѓутоа ги разгледуваме опциите за помош, користејќи го пакетот од 70 милиони евра што го усвоивме во декември, нагласи еврокомесарот.

Тој рече дека регионот ќе добие вакцини преку Ковакс механизмот и дека до тогаш Брисел ќе помага да се подготви теренот и капацитетот за вакцинација како и да се зајакнат здравствените системи во регионот.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија