Главниот тренер на Лајпциг, Јулијан Нагелсман може да го преземе Баерн Минхен.
Според „Билд“, ова може да се случи доколку сегашниот тренер на Баварците, Ханс Флик, ја преземе репрезентацијата на Германија по ЕП 2020, кога Јоаким Лев ќе ја напушти селекторската функција.
Нагелсман е на чело на Лајпциг од летото 2019 година. Под негово водство, тимот стигна до полуфиналето во ЛШ 2019/20 и заврши на третото место во германскиот шампионат.