Некои од најдобрите филмови се вистински приказни. Меѓу нив, можеби, ќе биде и онаа за мечка која случајно изела 31 килограм кокаин и угинала.
Трилерот „Мечката со кокаин“ (Cocaine Bear) ќе го режира глумицата Елизабет Бенкс, а сценариото е на Џими Ворден. Продукцијата е на „Јуниверзал пикчрс“. На базата на филмски податоци ИМДБ нема други подробности за филмот.
Приказната е сместена во Кентаки (САД) во 1985 година, кога една мечка навистина угинала покрај патна торба во која имало кокаин од прва класа. Пакетот бил испуштен од авион на шверцерот Ендрју Торнтон.
Според „Индипендент“, Торнтон е поранешен адвокат и полицаец во одделот за наркотици. Кога шверцувал кокаин, користел мал авион „Чесна“, а доставите биле најчесто упатени кон Колумбија во Џорџија (САД). Самиот Торнтон погинал на 40 години скокајќи од авионот, кога, според официјалниот извештај, удрил со главата во опашката на леталото, затоа што не можел да го отвори падобранот. Бил пронајден крај пат кај Ноксвил, Тенеси, САД. Во облеката му биле најдени 4.500 долари во готовина, пиштол, ножеви и клучеви за авионот.
Мечката за која се снима филмот, е веќе препарирана и изложена во Лексингтон, Кентаки. Нејзиното име е Пабло Ескобар.