Кои жени мажите ги сметаат за непривлечни?

Од:

Ако мислите дека со многу шминка, лажно поцрнет тен и високи потпетици можете да импресионирате маж, треба повторно да размислите. Новото истражување покажува дека со претерана шминка и лажен тен се добива спротивен ефект кај мажите.

Речиси една третина испитани мажи изјавиле дека лажниот тен не им се допаѓа, а многумина одговориле дека тешката шминка не ги привлекува. Од друга страна, облеката е важна бидејќи 56 отсто мажи велат дека внимателно одбраната облека на девојката со која излегуваат покажува дека се потрудила.

Сепак, внимателно со модата: екстремниот стил е убиец на страста за четвртина испитаници, кои велат дека им биле непривлечни девојки кои изгледале облечени како обожавателки од првиот ред на концерт на Лејди Гага.

Модерните чевли се покажале еднакво непопуларни: 25 отсто мажи презираат платформи, а ниту рамните „оксфордки“ не поминале подобро. Класичниот изглед поминал најдобро, бидејќи дури 50 отсто мажи изјавиле дека мал црн фустан е идеален избор за излегување, а 47 отсто од нив сакаат тесни панталони и припиена кошула, комбинирана со малку шминка и што поприроден изглед.

Повеќе од половина мажи изјавиле дека им се допаѓа кога девојката со која изглегуваат носи секојдневна комбинација.

Би можело да ве интересира

Драматично издание на Мадона на ревијата во Милано: Пристигна со круна на главата

Предраг Петровиќ

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски