Македонските репрезентативни кик-боксери ќе учествуваат на Балканскиот куп во Тешањ, Босна и Херцеговина кој ќе се одржи од утре до недела.
Балканскиот куп ќе се одвива во поинт фајт, лајт контакт, кик лајт, К1, фул контакт и лоу кик дисциплините, во сениорска, јуниорска и кадетска конкуренција.
Македонија ќе ја претставуваат следните кик боксери:
ЛОУ КИК: Стефка Јанковска -65 кг, Пепи Велков -60 кг јуниор, Ненад Манојловски -67 кг, Ѓоре Стојанов -71 кг, Далибор Оненов -75 кг, Димитар Ѓоргиев -81 кг и Јане Велковски -86 кг.
КИК ЛАЈТ: Кристина Стојчевска -55 кг, Стефка Јанковска -65 кг, Ненад Манојловски -69 кг, Драган Игњатовски -74 кг, Александар Митовски -84 кг, Димитар Горгиев -89 кг и Вељан Георгиевски -94 кг.
ФУЛ КОНТАКТ: Боби Коцев -81 кг.
ПОИНТ ФАЈТ: Дилан Ивановски -32 кг млад кадет.
ЛАЈТ КОНТАКТ: Мартин Јованов -63 кг јуниор.
Стручниот тим во Тешањ ќе го предводи претседателкатана федерацијата Александра Неделковска која ќе присуствува на редовниот состанокот на Балканската кик бокс федерација каде таа е во својство на генерален секретар. Во македонската делегација ќе бидат и судијата Љупчо Стојчевски како и тренерите Александар Стојковски , Драган Атанасовски и Ѓорѓи Вучков.