Престижната награда „Златна копачка“ за најдобар стрелец во Европа во минатата сезона денеска му беше врачена на напаѓачот на италијанскиот прволигаш Лацио, Чиро Имобиле.
-Ова е највисоката точка во мојата кариера. Кога ја гледам оваа награда добивам желба и одлучност да продолжам да ја освојувам, изјави Имобиле.
Минатата сезона, 31-годишниот Имобиле постигна 37 прволигашки голови, со што го израмни рекордот според постигнати голови во една сезона во Серија А, и стана само третиот Италијанец, кој ја освоил „Златната копачка“, по Лука Тони, во 2006 година и Франческо Тоти една година подоцна.