Асани и со дива амбуланта сè уште е директор на болницата во Струга, Филипче трет месец не го разрешува

Од:

Министерот за здравство, Венко Филипче, трет месец не го разрешува Мухамед Асани од функцијата директор на Општата болница во Струга.

Во јануари годинава Државниот санитарен и здравствен инспекторат утврди дека Асани, дома, имал дива амбуланта во која вршел прегледи, откако пациентка го обвини за лекарска грешка оти по породување со царски рез во болницата, дома си заминала без бубрег, јајчник и матка.

Од Министерството за здравство од јануари, кога случајот стигна во јавноста, не одговараат на прашањата дали и каква одговорност ќе побараат од Асани по откриената дива амбуланта во неговиот дом и поднесената кривична пријава. „А1он“ неколкупати побара одговори зошто за случајот на Асани не се постапува како и во останатите случи досега, кога директори беа разрешувани веднаш откако им беа утврдени нерегуларности, но ниту министерот, ниту неговата служба за односи со јавност, не одговорија.

Министерот Филипче, сепак, не молчи за се што е во врска со Асани. Тој вчера на јавноста и соопшти дека Асани не направил лекарска грешка кога на родилката од Дебар, Јалдз Веапоска по породување со царски рез и извадил бубрег, јајчник и матка. Ваквата одлука на комисијата од Лекарската комора која го правеше стручниот надзор ја шокираше јавноста, па следуваа остри критики за Лекарската комора, за комисијата но и за министерот Филипче.

 

Би можело да ве интересира

Лекарската комора чека решение од Таравари со точно прецизирана одговорност, потоа ќе постапува за лекарска грешка

Катерина Ѓуровски

Лекарска комора објави листа на доктори со важечка лиценца за работа

Лекарска Комора: Неопходно е докторите да се чуствуваат безбедно за да може да лекуваат

A1on

Младите лекари се жалат: Сите положивме, а само неколкумина повикаа на платена пракса

A1on

Нападнат лекар во Радовиш, настанот го осуди и Лекарската комора

Годинава 440 лекари положија стручен испит

A1on