Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет. Попладне ќе има ретка појава на грмежи, а ќе дува и умерен до засилен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од девет до 16, а дневната од 21 до 29 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремен дожд особено претпладне и со умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 25 степени.