Тренерот на Рома, Пауло Фонсека, зборуваше за густиот натпреварувачки календар со кои се соочуваат екипите кои учествуваат во евро-куповите.
– Многу тренери сметаат дека има премногу натпревари. Видовме колку повреди има во екипи како Реал Мадрид и Ливерпул. Прво, треба да го намалиме бројот на меѓународни натпревари. Таков број на игри е ненормален, нехуман кон играчите, изјави Фонсека.
Тој е еден од многуте фудбалски стручњаци кои јавно побараа намалување на бројот на натпревари.
Претходно, критики за густиот распоред на натпревари стигнуваа и од Премиер лигата, како и од шпанската Ла Лига.