Во Ерменија повторно антивладини протести

Од:

Приврзаниците на ерменската опозиција денеска протестираат пред зградата на Парламентот во Ереван против премиерот Никол Пашињан.

Претходно, стотици ветерани и граѓани одржаа митинг пред Министерството за одбрана во знак на поддршка на началникот на Генералштабот на вооружените сили на Ерменија, Оник Гаспарјан, а потоа се придружија на протестот пред Парламентот.

Воените резервисти и ветерани бараат оставка од Пашињан и средба со претседателот на Ерменија, Армен Саркисјан. Тие побараа и претседателот да се обрати до Уставниот суд поради одлуката на Пашњан за смена на началникот на ГШ на ерменската армија.

Пашињан на 25 февруари побара од ерменскиот претседател да го смени Гаспарјан, но Саркисјан не го потпиша указот и го врати во Владата. Три дена подоцна претседателот Гаспарјан повторно доби бара за разрешување на началникот на ГШ на ерменската армија Гаспарјан. Според Уставот на Ерменија, претседателот во рок од три дена може да го врати актот со свои забелешки до премиерот. Ако премиерот не ги прифати забелешките, шефот на државата мора да го потпише актот или да се обрати до Уставниот суд. Доколку претседателот не ги исполни овие услови, барањето автоматски стапува во сила.

Би можело да ве интересира

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“

Започна нова војна меѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно Карабах

(ВИДЕО) Тепачка во ерменското Собрание: Народните избраници во жесток клинч, обезбедувањето ги разделуваше нервозните пратеници

Горан Наумовски

Конфликтот во Нагорно Карабах продолжи, има загинати, се користат минофрлачи и дронови

Ана Ололовска