Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, наутро во западните, а потоа и во северните делови, а на планините снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, понекаде со брзина од над 70 километри на час. Ветерот ќе биде најизразен долж пошироко Повардарие и на повисоките места. Максималната температура ќе достигне од 9 до 17 степени.
Во Скопје ќе биде претежно облачно од изутрина со силен ветер проследен со повремен дожд. Максималната температура ќе достигне 11 степени.
Утринава е облачно со умерен до силен северен ветер проследен со слаб дожд, а најсилен е ветерот повисоко во Скопската котлина.
До 7:00 часот минималните температури биле -2 на Попова Шапка, 0 во Берово, 2 Крива Паланка, Крушево, 3 Штип, 4 Претор, 5 Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, Струмица, 6 Охрид, Дебар, Прилеп, Куманово, 7 Битола и 8 во Тетово, додека висината на нежната покривка е 6 сантиметри на Попова Шапка.
Изминатите 24 часа наврнале два литра дожд на метар квадратен во Крушево и три во Тополчани.